ГО СТОКМИ ДОГОВОРОТ И ЗАМИНА НА ОДМОР: Зоран Заев ќе одмара во Германија

68

 

Премиерот, Зоран Заев, оваа недела ќе искористи слободни денови од зимскиот одмор. Тој вчера неформално се сретна и со косовскиот колега, Рамуш Харадинај, на аеродромот во Приштина, каде чекал лет за Германија.

“Се сретнав денес со мојот колега на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Косово е посветено на изградба на стабилен регион, а во овој правец односите со официјалното Скопје се одлчни”-.напиша меѓу другото Харадинај на својот фејсбук профил

Од Владата потврдуваат дека Заев оваа недела нема да биде во Македонија. Од таму додаваат дека дел од одморот ќе го помине во Германија, во приватен аранжман, а дел на други локации..