Го соборил и Гинисовиот и светски рекорд: Јапонец одгледал детелина со 63 листа

1230

Јапонец успеал да го собори Гинисовиот и светски рекорд бидејќи одгледал детелина со 63 листа. Според суеверието, детелина со 5 или повеќе лисја му носи среќа на тој што ќе најде, отколку детелина со 4 листа.

По оваа логика, детелината со 63 листа, одгледувана од Јошихару Ватанабе, го прави најсреќниот човек на светот! Јошихару (45) ја вкрстува детелината (Trifolium repens L.) во својата градина во Насушиобара, Јапонија од 2012 година.

За Гинисовата книга тој изјави: „Бидејќи од година во година бројот на листови се зголемуваше, оттогаш се стремам кон титулата Гинисова книга на рекорди“.

Претходниот рекорд за најмногу листови на детелина беше поставен во 2009 година од друг Јапонец, Шигео Обара од градот Ханамаки, кој одгледуваше детелина со 56 листа.

Јохшихару има неколку мали засади детелина расфрлани околу неговата градина. Опишувајќи како почнал да ги одгледува: „Детелината е вообичаено растение кое се наоѓа насекаде, па секогаш кога гледав детелина со четири, пет или седум листа во близина на полиња или паркови, ја носев дома.

„Како растение е прилично силно и не треба да правите ништо со него, па јас само ги оставив и потоа тие само напредуваа.

По неколку години, во својата градина пронашол детелина со 20 листа и добил идеја дека би можел да постигне светски рекорд.

„Морав тројно да го зголемам бројот на листовите за да се обидам да го победам“, се сеќава Јошихару „Не изгледаше толку лесно, но листовите се зголемија во број. Мислев дека на крајот можам да го соборам неговиот рекорд“.

Оттаму, освен што дозволил детелините природно да се опрашуваат на отворено, рачно ги опрашувал и оние со најмногу лисја. До 2020 година, тој успеал да израсне еден со 49 лисја, а во 2021 година беше исклучително блиску до израмнување на светскиот рекорд со детелина од 55 листа.