ГО СЕЧЕА ВОЗИЛОТО ЗА ДА ДОЈДАТ ДО НАСТРАДАНИТЕ: Тешка сообраќајка во Грција, 4 лица загинаа/ВИДЕО

440

Четири лица загинаа утрово во судар на автомобил и автобус во Грција, на патот Ксанти-Токсотес.

Возилата биле тешко оштетени, а во автобусот имало и повредени патници. Според XanthiNews, шест лица се повредени.

Пожарникарите го сечат возилото за да дојдат до телата на настраданите во автомобилот.