Го отпушти тренерот, па се посрамоти

107

Јапонката Наоми Осака веднаш по освојувањето на трофејот на Австралија Опен објави дека се разделува од тренерот Саша Бајин, под чие водство стигна до две гран слем титули во серија. Првичните последици од ваквата одлука се очајно лоши за јапонската тенисерка, која се посрамоти на самиот старт од турнирот во Дубаи, губејќи од Кристина Младеновиќ со 2:0 во сетови.

Осака минатата седмица се откажа од настап во Катар, додека престојот на турнирот во Дубаи на првата носителка траеше премногу кратко по очајно издание и поразот со 6:3, 6:3

Во останатите дуели од ова прво коло Халеп славеше над Бушар со 7:6, 6:4, Квитова се врати од негатива и триумфираше против Синиакова со 2:1 во сетови, додека Мугуруза беше подобра со 2:0 од Женг од Кина.