Го зајакнува имунитетот и лечи од настинки: Една чинија од оваа домашна супа и ќе бидете како нови!

5291
Pexels

Есенва ја карактеризира нетипично време, па речиси и нема некој кој не е настинат, луѓето често се разболуваат, или во најмала рака, се опкружени со болни.

Во двата случаи ви препорачуваме да пробате чинија од оваа супа која го зајакнува имунитетот и расположението, но само доколку ја подготвите на овој начин.

Нутриционистката Бранка Мирковиќ вели дека секоја состојка има свое значење, па затоа треба да ги следите упатствата за подготовка.

Состојки:
пиле, или пилешки делови (по можност батак или карабатак)
корен зеленчук (целер, магдонос, пашканат, морков…)
печен кромид

лук
сол, зрна бибер
домашни тестенини
свеж магдонос

Подготовка:
Во сад ставете го пилешкото или делови од пилешкото и прелијте го со ладна вода. Ако правите супа од пилешки делови, задолжително додадете батак и карабатак бидејќи благотворно делуваат на железото, оставете го белото месо со коската на градите. Природниот желатин кој останува во супата по готвењето поволно делува на зглобовите, кожата, косата и ноктите. Коренот зеленчук дава многу минерали, морковите се особено важни бидејќи го подобруваат вкусот на супата и природно ја засладуваат. Врз месото додадете го коренот од целер, но и препечениот кромид со жолта мембрана. Кромидот ја смирува кашлицата, го подобрува вкусот.

Кога супата ќе зоврие извадете ја пената ако сакате да остане бистра, а не е грешка ако не ја извадите пената. Додадете го кромидот и варете на умерена температура. На половина од готвењето, додадете корен зеленчук. Додадете малку лук, кој е природен антибиотик, и неколку зрна бибер за вкус и за да го поттикнете потењето.

Ставете свеж магдонос на крајот или сув магдонос на средината на готвењето. Магдоносот е природен диуретик. Кога супата е готова, процедете ја, бидејќи зеленчукот е сварен и сите хранливи состојки се во супата. Доколку сакате, на самиот крај додадете морков исечен на прстени, како и тестенини (по можност домашни), само оставете ги малку да се варат. Месото може да се исецка и да се јаде со супа и тестенини.

Пријатно!