Гоца Тржан го врати во банката долгот од 20 илјади евра!

90

Атрактивната поп-пејачка Гоца Тржан поради банкарски долг од 20 илјади евра, деновиве со сегашниот сопруг Раша се исели од станот во кој живееше со години. Таа замина да живее во белградската населба Раковица што не и е некое најдобро решение со оглед на тоа дека населбата не е во центарот на Белград во кој се случуваат сите важни работи потребни за нејзината професија.

Но, Гоца барем се отараси од финансискиот долг кој со години ја мачеше и ја правеше често да биде нервозна и загрижена. Поради тоа пејачката најпосле најде куќа во Раковица, која ја опреми, а овој стан и онака ќе мора да го префрли на нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ. Гоца вели дека сега може мирно да спие, откако има свој покрив над глава.  Д.М.