Гостување на МНТ: „Лагата“ на Албански театар во Дебар

22

Македонскиот народен театар со претставата „Лагата“ на 28 септември ќе настапи на 23. фестивал на албански театар во Дебар.

Претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, е во режија на Бесфорт Идризи, а во неа играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

Фестивалската програма започна на 24 и ќе трае до 30 септември 2024 година.

Во натпреварувачкиот дел од програмата ќе учествуваат седум претстави од театри од Македонија, Албанија и Косово, а во изминатите години досега на фестивалот учествувале повеќе од 180 претстави од нашата земја, од регионот, како и од Франција, Швајцарија и САД.

Покрај изведбата на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, минатата година, каде што актерот Јордан Симонов за улогата на Павле, ја доби наградата за најдобро актерско остварување, ова е второ фестивалско учество на претставата.