Кошаркарскиот клуб Гостивар ангажираше неколку имиња во изминатиов период, а едно од тие засилувања е Монтре Гипсон. Меѓутоа, тој не ги оправда очекувањата на стручниот штаб, па клубот реши да се раздели со него и да доведе нов плејмејкер.
Се работи за Даниел Вензант, кој настапувал во полската лига и имал учинок од 12,4 поени, 2,8 скока и 2,8 асистенции. Тој, Ерик Пауел, Крис Остен и Џејлин Инграм ќе бидат странците во таборот на Гостивар во претстојнава сезона.