ГОРИ ПОСЛЕДНАТА ЛАБОРАТОРИЈА НА ТЕСЛА ВО ЊУЈОРК! Пожарот ја зафати целата зграда/ВИДЕО

782
Фото: printscreen/youtube/ Payton N Pug

Пожар го зафати научниот центар на Тесла во Варденклиф, единствената преостаната лабораторија на Тесла на Лонг Ајленд, Њујорк, соопшти американската полиција.

Пожарот избувнал во Научниот центар Тесла на Рандал Роуд во Шорехам нешто пред 17 часот во вторникот, пренесува News12.

Зградата датира од 1901 година и беше последната постојана лабораторија на Никола Тесла.

Тесла живеел во Шорехам околу три години и направил револуционерни откритија во областа на електричната енергија и безжичната технологија.

Еден пожарникар е повреден и хоспитализиран при гаснење на пожарот, јавуваат локалните медиуми, наведувајќи дека се уште не е познат степенот на штетата.

Објектот во моментов е во обемна реконструкција.