Над селото Белица во општината Македонски брод денеска има еден активен пожар. Како што објави Центарот за управување со кризи, гори ретка борова шума, сува трева и грмушки во близина на споменатото село сместено под Солунска Глава.
-Согласно информациите од Секторот за операции и координација, пожари на отворен простор вчера имаше вкупно 11. Од нив, актиен се уште е во општина Македонски Брод, над село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки. Пожарот е на многу висок и на непристапен терен. Во неговото гаснење интервенирале три пожарникари со едно теренско возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод – соопштија од ЦУК.
Од останатите десетина пожари кои биле активни во нашата земја во текот на вчерашниот ден, протипожарните екипи се бореле во Општина Чашка, кај село Крива Круша (каде што горела сува трева и папрат). Пожари имало и во Општина Арачиново, кај селото Арачиново (ниска вегетација и ѓубриште), потоа во скопската општина Гази Баба, покрај булевар „16 Македонска Бригада“ (ниска вегетација), како и во општина Центар, покрај улица „Самуилова“ (запалено дрво).
Пожари имало и во Општина Прилеп, кај село Врбјани (ниска вегетација), потоа општина Чешиново – Облешево, два пожара, кај село Облешево (стрниште) и кај село Уларци (стрниште).
И во Куманово авчера горело, во близина на село Речица (ниска вегетација), додека во општина Старо Нагоричане имало два пожара, кај село Пелинце (отпадоци) и кај село Младо Нагоричане (каде што горела ниска вегетација и остатоци од насади од пченка).