Горан Трајковски поднесе оставка, оди во банка

182

Директорот на Дирекцијата за зашитита на личните податоци Горан Трајковски, поднесе оставка од оваа позиција.  Како образложение во оставката Трајковски наведува дека си заминува од Дирекцијата поради лични причини и дека неговата оставка не е поврзана со метлата која ја најави премиерот Заев за крај на месецов или почетокот на јуни.

Неофицијално,Трајковски, кој долги години беше прв човек на Управата за јавни приходи,  ќе седне на кормилото на Еуростандард банка на бизнисменот Трифун Костовски и вели дека функцијата во државна институција ќе ја замени со функција во приватниот сектор.

.