Горан Тодоров ја претстави програмата како кандидат за градоначалник, гасификација на Кавадарци како еден од приоритетите

108

Гасификација на Кавадарци, прочистителна станица, бизнис центар, проект зелена општина, регионален откупен центар,  се дел од приоритетните проекти од програмата на Горан Тодоров, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата.

– Направивме рехабилитација на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, рехабилитација на патот Возарци-Раец-Фариш, извршивме изградба на пат Мушов Гроб-Мрежичко, изградивме велосипедска патека, нов мост во село Ваташа, детската градинка и спортска сала се при крај, рече меѓу другото Тодоров.

Тој се осврна на сите реализирани витални проекти во вредност од околу 11 милиони евра.

-Во изминативе четири ипол години, наместо во барок и споменици, инвестиравме во инфраструктура. Изградивме нови улици и патишта, водоводи, канализации, градинки, училишта, спортски сали. Резултатот е видлив. За овој период Владата предводена од СДСМ, реализираше голем број на инфраструктурни проекти од витално значење за граѓаните на Кавадарци, нагласи Тодоров.