Само за весникот ВЕЧЕР – Животот им е убав!
Од како на професионално поле во Македонија ги завршија и обврските околу подготовките за првиот Фолк-фестивал “Владимирово 2025“ (закажан за 29-ти мај, со учество на најпопуларните: Нино Величковски, Зуица Лазова, Горан Кукиќ, Драган Мијалковски, Наум Петрески, Ленче Кукиќ, Круме Спасовски, Перо Христов….) се упатија на далек пат, на егзотичните Малдиви, да се релаксираат “за сите пари“, далеку од скопската тмурна зима (без снег). Секој период е добар за одморот на Малдиви. Особено сега и во овие денови пред Новата година кога има многу туристи од целиот свет, кога се е распеано, раздвижено, никогаш не може да биде здодевно. Не е одморот само сончање и пливањето во тиркизниот Океан. И ако се цените за неколку пати повисоки од оние во текот на годината, не треба да жалите. Не секој ден се слави Новата година на Малдиви!
Велат, кој не бил на Малдиви (или Maldives), тој нема скоро ништо убаво доживеано во овој овоземски живот. Можеби треба да се верува во кажаното, а можеби и не. Но, сосема е сигурно дека секој оној што летувал на овие острови во Индискиот Океан, со себе носи силни впечатоци, токму за целиот свој живот. Со истото ова мислење е и нашиот добро познат музичар, маестро на хармониката Горан Алачки. Тој со својата сопруга Марина Дојчиновска, нашата омилена тв-новинарка и патописец, се наоѓа на Малдиви, каде што веќе некои десетина дена тие ја слават својата искрена љубов, го слават животот, но пред се и 59-от роденден на Марина. Славеа во еден преубав локален ресторан. За неа може да се каже, од како е вљубена во Горан, сосема е физички разубавена и подмладена. Постојано насмеана, зрачи со духовна среќа. Очигледно дека долгодишната љубовна врска со Алачки одлично и прија на Марина.
Но и зошто не би и пријало, впрочем и обратно и на него со Марина се му е потаман. Од како на професионално поле во Македонија ги завршија и обврските околу подготовките за првиот Фолк-фестивал “Владимирово 2025“ (закажан за 29-ти мај, со учество на најпопуларните: Нино Величковски, Зуица Лазова, Горан Кукиќ, Драган Мијалковски, Наум Петрески, Ленче Кукиќ, Круме Спасовски, Перо Христов….) се упатија на далек пат, на егзотичните Малдиви, да се релаксираат “за сите пари“, далеку од скопската тмурна зима (без снег).
–
-На Малдив нема што нема. Летавме од Скопје , до Доха (Катар), летот трае околу пет часа, а потоа уште пет часа до самите Малдиви. И летовите со авионите се за максимално уживање. Чекањето помеѓу летовите го искористивме да го разгледаме меѓународниот аеродром “Хамад“ во Доха, кој има многу продавници, ресторани, кафулиња и други интересни објекти за забава на патниците, вели Алачки.
И двајцата потенцираат дека секој период е добар за одморот на Малдиви. Особено и сега во овие денови пред Новата година кога има многу туристи од целиот свет, кога се е распеано, раздвижено, никогаш не може да биде здодевно. Не е одморот само сончање и пливањето во тиркизниот Океан. И ако се цените за неколку пати повисоки од оние во текот на годината, не треба да жалите. Не секој ден се слави Новата година на Малдиви. Еднаш е и кој знае кога пак?
–
А, Алачки вистински слават и уживаат со сите сетила…. во егзотичните моментите кои тешко да можат со зборови да се опишат. – Марина пред некој ден го прослави роденденот, јас и ја исполнив таа желба. Поодамна и ветив, дека еднаш ќе одиме на Малдиви. Но и јас сакав да ги доживеам Рајските острови. Секогаш ни недостасуваше слободно време. Конечно го најдовме, коцкичките ни се склопија и во тој поглед, радосно раскажува Горан. Уште сме тука, а секој нов ден ни е поразличен од оној предходниот. Тешко ќе ни биде кога ќе треба да заминеме, назад, за Македонија, во нашата зима. Па, барем вистински снег да имаме, да се порадуваме.
Тука, на другиот крај од Земјината топка уживаме на “нашата“ плажа, шетаме по “нашето“ островче кое го имаме само за нас. Се е исполнето со палмите, со малечки барови со тивка музика во кои се наливаат најразлични егзотични природни безалкохолни пијалоци. Под палмите свириме гитара, пееме, се радуваме и си велиме: “Животот е убав!“ Голема атракција ни е и тоа што водичите не носат да пливаме и нуркаме со желките и делфините, а ги храниме и рибите-ражи, препознатливи по својата убиствена опашка. Целиот тој подводен океански свет не остава без здив. Се се тоа спомени за кои нема цена, воодушевени се Горан и Марина од својот одмор на Малдиви и скорешниот пречек на Новата година на летните, плус 33 степени.
Дуле Миќиќ / фото:приватна архива