Српската ракометна јавност се разбранува по информацијата за наводен договор на Ракометниот сојуз на Србија и шпанскиот стратег Раул Гонзалез. Шпанецот кој во моментов работи во ПСЖ, а своевремено беше селектор на Македонија и го водеше Вардар до првата европска титула би можел да работи во соседството.
Според информациите на Србите, веќе е постигнат договор за соработка меѓу двете страни и е подадена рака. Овие шпекулации се зголемија по изненадувачкиот пораз од Италија, што додаде голем притисок врз селекторот Борис Ројевиќ.
Гонзалез е под договор со ПСЖ до крајот на оваа сезона, а веќе е најавено дека летово ќе замине од клубот. Доколку ја преземе клупата на Србија, шпанскиот стратег би се фокусирал само на работата со репрезентацијата на северниот сосед.