
Екипата на ПСЖ, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, посакува во своите редови да го има Ахмед Адел. Адел (29) моментално, настапува во египетскиот Ал Ахли, а неговите одлични настапи на Светското клупско првенство беа забележани од стручниот штаб на „светците“.
Според информациите на „Хандбалл Басее“, египетскиот пивот е блиску до договор со ПСЖ и во францускиот клуб би бил замена за Камил Шипжак, кој на лето ќе го напушти тимот на Гонзалез.
Искусниот пивот со репрезентацијата на Египет настапи на Олимписките игри во Токио и Париз, како и на Светското првенство 2023.