Голем шумски пожар во јужна Италија: Евакуирани се околку илјада туристи/видео

57

Цело летувалиште во јужна Италија, во кое се сместени околу илјада туристи, денеска е евакуирано поради сериозен шумски пожар. Луѓето беа однесени на безбедно од комплексот Баја Сан Феличе во близина на градот Виесте на брегот на Јадранот, бидејќи пожарот опасно се приближил.

 

Градоначалникот се сомнева дека пожарот е подметнат пожар

Во гаснењето на пожарот биле ангажирани повеќе противпожарни единици. За гаснење на огнот од воздух се користеа авиони, но првично без голем успех. Властите велат дека силниот ветер го свртел пожарот кон туристичкото место. Температурите на југот на Италија веќе неколку дена се над 30 Целзиусови степени, а речиси и да нема дожд во последните недели.

Градоначалникот на Виесте, Џузепе Нобилети, на телевизискиот канал РАИ изрази сомнеж дека пожарот е подметнат.

„Ова беше петти обид за една недела, а беше подметнат утрово“, рече тој.