Близок извор до таборот на германскиот гигант Баерн (М) откри дека клупските челници имаат сериозен проблем со крилниот напаѓач, Лерој Сане. Репрезентативецот на Германија има договор со баварскиот кјлуб до крајот на актуелната сезона, а истиот извор тврди дека поранешниот фудбалер на Манчестер Сити има добиено понуди од Манчестер Јунајтед и Арсенал и дека сериозно размислува за кам-бек во Премиер лигата.