Голем пожар на Љубаш во Кавадарци

232

Голем пожар беснее во месноста Љубаш во Кавадарци. Ова е трет пожар денеска како последица на неконтролирано горење на лозови прачки по резидба од страна на поединци. Информацијата за МИА ја потврди инспекторот за животна средина при општината, Јованче Колев.

Тој нагласи дека огнот се проширил и зафатил и шума. На местото се пожарникарите, полицијата и претставници на општината. Упати апел да се внимава при справување со отпадот од лозјата.

Се бараат виновниците, а Колев најавува и санкции против несовесните кои ја загадуваат околината.

Љубаш важи како месност која ја нарекуваат белите дробови на Кавадарци.