ГОЛЕМ ГОСПОДИН: Кијану Ривс се фотографира со жените, ама не ги пипка

384

Кијану Ривс го одушеви интернетот со начинот на кој се фотографира со жените.

Киану Ривс во последно време е едно од најпопуларните имиња на интернет, многумина му се восхитуваат на неговиот успех и постојано наоѓаат нови причини за својата љубов. Затоа е интересна новата причина, неговиот начин на фотографирање со жени.

Иако Кијану одамна е во филмската индустрија и има огромен број на фанови, со најновиот ангажман во филмот “Џон Вик”, во проектот на Нетфликс “Always Be My Maybe” и “Toy Story 4” интернет како да полуди по овој актер, пренесува CNN .

Секој сака да се фотографира со него и тој се обидува да се сретне со секој обожавател. Сепак, споредувајќи ги неговите фотографии, луѓето сфатија дека никогаш не ги допрел жените со кои се фотографирал. Имено, никогаш не ги допира со дланката.

Сè уште не е познато зошто тоа го прави, а фановите шпекулираат дека тоа е знак на почит кон жените.