Големи протести во Албанија – се фрлаат молотови коктели и се бара оставка од Еди Рама

277

Во Тирана илјадници приврзаници на опозицијата синоќа фрлаа молотови коктели врз зградата на албанската влада и канцеларијата на градоначалникот и се судрија со полицијата.

Тие го обвинија премиерот Еди Рама за корупција, побараа негова оставка и ослободување на опозицискиот лидер Сали Бериша, кој е во домашен притвор.

Бериша е под истрага за наводна корупција за време на неговиот мандат како премиер од 2005 до 2013 година. Тој ги негира наводите и го обвинува Рама за политичка одмазда.