ГОЛЕМА ЧЕСТ: Лејкерси ќе го повлечат дресот на Леброн Џејмс!

157
EPA-EFE/BOB PEARSON

Лос Анџелес Лејкерс одлучи да го повлече дресот на првата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс, објави сопственичката на клубот Џiни Бас.

Тоа ќе го направи кога Леброн ќе ја заврши својата играчка кариера и ќе биде примен во Куќата на славните.

„Тоа е стандард во НБА кога станува збор за пензионирање на дресовите на клупските легенди. Нема сомнение дека тоа ќе се случи“, рече Џини Бас.

Леброн ги предводеше Лејкерси до шампионската титула во 2020 година.

Славниот 39-годишен кошаркар има договор со Лејкерси до летото следната година со опција за продолжување на соработката на уште една сезона.