Голема црковна радост во предвечерието на големиот празник: Пречекана Богородичната икона Троеручица од Хиландар/ФОТОГАЛЕРИЈА

569

Со благослов на Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан,  попладнево пристигна од светогорскиот манастир Хиландар. Пречекот и свечената литургија како и литијата почна во 17 часот во предвечерјето на големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица, познат меѓу народот како Мала Богородица.

 

Верниците, пак, кои ќе немаат можност да се поклонат пред светогорската реликвија, тоа ќе можат да го направат секој следен четврток, во матичната црква Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, кога ќе се служи Акатистот на Пресвета Богородица.

Свештеномонасите Агатон, Атанасиј и Иринеј од Скопската епархија, од 18 до 20 септември 2024 година престојуваа во светогорскиот манастир Хиландар, со цел да ја преземат Богородичната икона “Троеручица”,а заедно со нив беа и Драган Сарески-Андрески, Бобан Богдановски-Андрески и Милчо Велков од Скопје.

Фото:П.Стојановски