Голема експлозија на бензинска пумпа во Русија: Има жртви, меѓу нив и деца

86

Најмалку четири лица, меѓу кои две деца загинаа денеска во пожар предизвикан од експлозија на складиште за гас на бензинска пумпа во главниот град на Чеченија, Грозни, пренесува ТАСС.

Според соопштението на руското Министерство за вонредни ситуации, „утврдено е дека експлодирала резервоар за гас и предизвикал пожар“.

Најмалку четири лица, меѓу кои две деца, загинале во инцидентот, наведува руската агенција.

Според видеото, кое го објави Министерството, од експлозијата целосно е уништена бензинската пумпа.

Интервенирале повеќе од 30 пожарникари и спасувачи со седум возила и пожарот бил изгаснат, соопшти Министерството.