Француските здравствени власти овој викенд спроведуваат голема операција за вакцинација со вакцините „Фајзер“ и „АстраЗенека“ на целата територија на земјата и особено во дваесет и трите најзагорзени департмани од епидемијата, јави дописникот на МИА.
-Значајно да се забрза вакцинацијата, почнувајќи од викендов со 23 департамни, каде епидемијата најмногу се заканува, порача премиерот Жан Кастекс, пред вонредната операција за вакцинирање, со достапни дополнителни дози вакцини и отворање на центри за вакцинација за лицата на возраст од над 50 години со коморбидни заболувања.
Добрата вест е што испораката на вакцини почна да се зголемува и се очекува и натаму да се забрза во наредните недели, а вакцината на „АстраЗенека“ сега е овластена и за оние над 65 години.
Но, има еден еден елемент кој ја мотивираше кампањата: иритација на властите при констатацијата дека дозите на вакцините на „АстраЗенека“ не се користат (само 24 отсто од достапните дози беа искористени во неделата вечерта), започнувајќи од оние што беа наменети за здравствените работници.
-Од испорачаните 600.000 дози на здравствените работници, 75 од од залихите не се искористени, забележа Министерството за здравство во вторникот.
Ова не е доволно, оцени во петокот министерот Оливие Веран во јавно писмо до медицинскиот персонал во кое повикува да се вакцинираат „набрзо“. Додека ги чека ефектите од оваа предупредувачка порака, извршната власт одлучи да ги понуди дозите на пошироката јавност.
Бројките дадени се импресивни: во Ил-де-Франс е најавено за операцијата за викендот „исклучителна распределба на 51 000 дози вакцини „Фајзер“, мобилизација на 105 амбулантски центри за вакцинација и отворање на 13 нови центри ” Целна публика: оние над 75 години и луѓе со висок ризик од тешка форма на Ковид. Во исто време, генералниот директор на здравствената агенција Ил-де-Франс побара од здравствените установи да се организираат за да можат масовно да ги вакцинираат здравствените работници и сите кои ги исполнуваат условите за вакцината АстраЗенека.
Во Прованс-Алпи-Азурен брег, објавува „дополнителни 18.720 дози на вакцина „Фајзер“ и до 30.000 дози на „АстраЗенека“. Во От-Франс, 26.910 дополнителни дози ќе бидат инјектирани во 90 центри, и скоро 20.000 дози на „АстраЗенека“. Тестови ќе понудат и фармацевти и биолози. „Намерата е тука, и посветеноста на професионалците да поздрават“, рече шефот на ОРД на АРС, проф. Беноа Вале. На Корзика викендов ќе бидат достапни 5.510 дози.
Досега во Франција се вакцинирани околу три милиона лица, а француската Влада најавуваше 15 милиони до крајот на месецот.
Извор:МИА