Во Софија, со роденденски концерт пред 15 илјади верни обожаватели!
Во арената „Софија“, завчеравечер, се одржа долгонајавуваниот спектакуларен славенички концерт на мегапопуларната бугарска пејачка, Преслава. Петнаесетте илјади влезници за овој концерт беа распродадени веднаш по нивното пуштање во продажба. Нејзината мајка, Јанка Тончева, била шивачка, а татко ѝ Колјо Тончев, светски возач на тркачки автомобили. Таа има постара сестра, Ивелина, која е, исто така, (фолк) пејачка.
Сексапилната Преслава го започна концертот со баладата „Не сам анѓел“ (Не сум анѓел), а веднаш потоа, по огромниот громогласен аплауз, ѝ се обрати на присутната публика, заблагодарувајќи се што цели 20 години тие, новинарите и огнените обожаватели ја поддржуваат. Концертот беше уникатен, со многу емоции. Пејачката воопшто не беше уморна, дури напротив, расположена за уште едно пеење од цели три часа.
– Луѓето ми дадоа неверојатна сила толку многу што можев да се вратам на сцената и да направам уште еден таков концерт. Само да останам вака здрава, вљубена, среќна и да имам добри песни – радосно изјави веселата Преслава. Д.М.