Како функционираат постари мажи со многу помлади жени!

130

Не е веќе никаква тајна дека во светот на глумата, музиката, медиумите, модата… се повеќе млади жени се мажат за далеку постари мажи, па дури со нив имаат и деца. Пред некој ден светот ја обиколи веста за славниот холивудски актер Ричард Гир кој има 70 години и кој со Алехандра Силва доби син. Силва има само 36 години, но е среќно вљубена жена, а сега и пресреќна мајка.

Гир пред тоа беше оженет со актерката Кери Ловел, а после Кери со манекенката Синди Крафорд. И кај нас на Балканот има такви слични љубовни двојки. Во Загреб пред неколку години во брак впловија некогаш многу популарниот југословенски шлагерски пејач Миро Унгар и младата Сара (Станковиќ).

Миро од Сара е постар дури 40 години, но тоа не ја спречи Сара да се омажи за него. Тие се сакаат без пречки. Сепак,  деца немаат. Овој пејач зад себе има веќе неколку неуспешни бракови, а првиот брак му беше со популарната пејачка Тереза Кесовија со која го има синот Алан. Така е тоа кога љубовта не прашува за годините, туку срцето е единственото нешто што ги спојува. Годините за нив се само некоја обична бројка, а емоциите и разбирањето светост!   Д.М.