Ги шпиониравме сите наши ривали

41

Менаџерот на англискиот второлигаш Лидс Јунајтед, Марсело Биелса, го потврди тоа што англиските медиуми со денови го шпекулираа дека лидерот на табелата ги шпиунирал сите свои ривали кога е во прашање актуелната сезона.

Големиот скандал изби минатата недела кога од Дерби забележале како менаџерот на Лидс ги шпионира во нивната база и поради таквата ситуација биле принудени да ја повикаат и полицијата.

Таквото однесување се смета за неетичко, а лидерот во шампионатот се извини на „овните“, но излегува дека ова било вообичаена практика уште од почетокот на сезоната.

  • Секој има право на мислење, а многумина не го одобруваат моето однесување. Тие велат дека тоа не е етичко и морално. Јас сепак го следев секој противник против кој игравме. Го следевме нивниот тренинг пред натпреварите. Можеме да расправаме дали е етички, но сигурно не го прекршивме законот, изјави Биелса.