Гитаристот на рок-групата „Рибjа чорба“ Миша Алексиќ е заразен со коронавирус и од 13 ноември се лекува во болницата „Бежаниска коса“. Неговата состојбата е влошена и тој веќе три дена е на респираторни апарати за дишење.
Неговата ќерка Мина Алексиќ објави емотивен статус на социјалните мрежи нагласувајќи дека секој час е негова борба за живот.
– Мојот Миша се здоби со ковид и е на респиратори за дишење три дена. Секој час е негова борба за живот како и моја и на мама за него. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат дека тој е лав и борецот. Тој би сакал сите луѓе што го сакаат и го почитуваат како мајстор на рок овие денови да бидат со нас и да веруваат дека ќе го победиме ковидот.
– Сите мислевме дека е шега и до пред две недели седев со моето семејство на ручек и се смеевме дека не сакаме да носиме маски и разговаравме каде да одиме на забава или ручек. Сега останав со двајцата родители во болницата. Исплашена, да, но и јас храбро верувам во среќа и добра енергија. Ве молиме, испратете ја најсилната енергија до универзумот заради Миша и оставете го да биде на сцената со гитара што побрзо! – напиша Мина Алексиќ за нејзиниот татко.