Имплементирање на сите препораки на Оценската мисија на Европската унија во судството очекува евроамбасадорот Дејвид Гир.
Евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека се сомнева оти оваа влада може да постигне подобар договор и дека не гледа апетит Брисел одново да разгледува нова преговарачка рамка за членството на Македонија во ЕУ.
-Ја поздравуваме посветеноста на Владата кон ЕУ, и веќе видовме добар напредок. Оваа влада напредува позитивно, а во однос на уставните амандмани, имаме решение на маса. Дали оваа влада може да постигне подобар договор? Се сомневам… Не гледам апетит Брисел одново да разгледува нова преговарачка рамка. И би било добро да напредуваме кон ова решение, рече Гир.
Тој напомена дека владата мора да работи на подобрување на судството.