Гинеколог од Осјек кој силувал пациентка сè уште работи во истата болница

877

Гинеколог во болницата во Осиек со првостепена пресуда во февруари оваа година е осуден за силување пациентка. Но, и покрај тоа, тој сè уште работи во истата болница.

Како што пренесуваат регионалните медиуми лекарот го пријавила пациентка која дошла во КБЦ Осиек на ултразвучен гинеколошки преглед, а се соочила со настраноста на лекарот кој ја заклучил ординацијата и почнал несоодветно да ја допира. Жупанискиот суд во Осиек во текот на судската постапка утврдил дека гинекологот извршил кривични дела против сексуалната слобода и тоа кривично дело силување и две кривични дела блуд.

Пресудата, според која тој е прогласен за виновен и осуден на единствена затворска казна од четири години, како и забрана за вршење на дејноста во наредните четири години по одлежување на казната, е јавно објавена.

Но, бидејќи пресудата не е правосилна, поради поднесена жалба, 64-годишниот доктор сè уште работи во истата болница, а Лекарската комора не може да интервенира.

-Точна е информацијата дека е вработен во Клиничката болница во Осиек. Како работодавец, КБЦ – Осиек, во согласност со позитивните прописи, не можеше да примени никаква процедура врз назначениот лекар, велат од дирекцијата на болницата.

Членовите на Здружението за човекови права на жените се прашуваат кој во овој случај ги штити пациентките и посочуваат дека жртвата е дополнително трауматизирана.

Но, медиумите не информираат дали има пациентки кои би сакале да ги прегледува овој доктор.