Гејтс: Пандемијата ќе заврши во март следнава година бидејќи омикрон се шири со неверојатна брзина

18873

Милијардерот верува дека сегашниот бран на пандемијата ќе биде завршен до март следната година, бидејќи новиот вид коронавирус се шири со голема брзина.

Гејтс наведува дека ги откажал „повеќето“ планови за одмор поради омикронската варијанта.

„Токму кога се чинеше дека животот ќе се врати во нормала, можно е да влеземе во најлошиот дел од пандемијата – напиша Гејтс на Твитер.

„Моите блиски пријатели се заразени со варијантата омикрон. Затоа ги откажав повеќето новогодишни планови.“

Милијардерот верува дека сегашниот бран на пандемијата ќе биде завршен до март следната година, бидејќи новиот вид коронавирус се шири многу брзо. Кога омикронот ќе го „прочешла“ населението, ќе имаме можност да се опоравиме од зимскиот бран.

„Тие неколку месеци може да бидат лоши, но сепак верувам дека ако ги преземеме вистинските чекори, пандемијата би можела да заврши во 2022 година“, рече Гејтс. Некои експерти за јавно здравје предвидоа дека омикрон ќе го достигне својот врв во јануари. Оваа варијанта се шири со неверојатна брзина. Токму оваа брзина може да предизвика намалување на активноста на вирусот. Гејтс верува дека омикронската варијанта наскоро „ќе биде застапена во секоја земја во светот“ доколку продолжи да се шири со ова темпо. Во моментов, 73% од сите пациенти во САД се заразени со оваа варијанта на вирусот.