Неколку пратеници од Бундестагот сакаат да поднесат т.н. „парламентарно барање“ до Сојузниот уставен суд за забрана на крајно десната партија Алтернатива за Германија (АфД), која триумфираше на изборите во три германски покраини.
Повеќе германски медиуми повикувајќи се на интерни документи објавија дека тој предлог наводно е поддржан од некои пратеници на владејачките партии, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Зелените, како и некои членови на опозициските демохристијански партии ЦДУ и ЦСУ, односно пратеници на опозициската левица, пишува Дојче веле.
Но, тие пратеници се однесуваат како поединци, бидејќи предлогот не е поддржан од комплетните пратенички групи.
Дебатата за забрана на оваа партија не е нова. На барање на партијата ЦДУ во 2021 година Службата за заштита на уставот во Тирингија ја класифицираше АФД како „докажано десничарско екстремистичка“.