Сè поголем број компании во Германија размислуваат да ги зголемат цените на своите производи, покажуваат резултатите од мајското истражување на Институтот ИФО од Минхен.
– Голем број компании зголемениот трошок за набавка го пренесуваат на цената на крајниот производ. Зголемувањето на цените делумно е резултат на напорите да се компензира претходното намалување на цените за време на кризата со коронавирусот, изјави раководителот на истражувањето Клаус Волрабе.
Растот на цените е актуелен во трговијата на големо, каде што индексот од 54 поени во април во мај се зголеми на 65 поени.
Во преработувачката индустрија, индексот на раст на цените се искачи од 32 на 37 поени, а во градежништвото се зголеми од 12 на 32 поени. Овој индикатор исто така се приближува до максимумот во секторот малопродажба и услуги. Во трговијата на мало, се зголеми од 24 на 36 поени, додека кај давателите на услуги од 14 порасна на 20 поени.