Германските зоолошки градини кои се затворени како резултат на пандемијата на коронавирусот, денеска побараа од државата помош од 100 милиони евра.
-За разлика од другите установи, ние не можеме да преминеме во режим на штедење.
Животните треба да продолжат да се хранат, изјави Јерг Јунхолд, директор на зоолошката градина во Лајпциг и претседател на германската Асоцијација за зоолошки градини.
Тој рече дека зоолошките градини работат со недели без приходи, но со исти трошоци. Според него, една „поголема зоолошка градина”, како онаа во Берлин, има неделни загуби од околу половина милион евра.
Извор:МИА