Извозот на германско оружје паднал во 2018 година речиси една четвртина во споредба со претходните години, соопшти германската влада.
„Германската влада во 2018 година одобрила извоз во вредност од 4,8 милијарди евра, што е 22,7 процента помалку од 2017 година“, соопшти германското Министерство за економија.
Со тоа извозот на оружје паѓа трета година по ред. Последен пат извозот пораснал во 2015 година кога германската индустрија за вооружување продала оружје во вредност од 7,86 милијарди евра.
Сојузот на германската безбедносна и одбранбена индустрија ја обвини германската влада за значаен пад на извозот на оружје.