Владеачката коалиција во Германија по неколкунеделни дискусии донесе одлука за намалување на даноците за корпорациите во вредност од седум милијарди евра.
Претходните обиди за усвојување вакви мерки, кои беа именувани како Закон за можности за раст, не беа успешни поради противењето на министерката за семејство од редовите на Зелените, Лиза Паус, која побара дополнителни 12 милијарди евра за нов детски додаток.
Пакетот беше усвоен за периодот од следните четири години, пренесува „Новости.рс“.
Според предлог-законот, во првата година тој ќе предизвика пад на даночните приходи од 2,6 милијарди евра за федералната влада, 2,5 милијарди евра за државните власти и 1,9 милијарди евра за општините.