Најдобрата ракометарка во историјата на унгарскиот ракометен гигант Ѓер, Анита Гербиц е избрана за наследничка на Чаба Барта, која по шест години ја напушти претседателската функција. Таа доби тригодишна доверба од бордот на директори, со јавно гласање, да го води најуспешниот европски клуб.
Самиот одбор на директори претрпе сериозни промени, дури седум члена се сменети. Ѓер минатата сезона го загуби приматот во Лигата на шампионите, но во Унгарија, бидејќи Ференцварош ја освои титулата. Оваа натпреварувачка година, тимот сака да ги врати двата трофеи.
Анита Гербиц играчката кариера ја заврши пред неполна година, а ја помина во овој клуб. За 24 години во зелено-белиот дрес достигна незамисливи височини – одигра осум финалиња во Лигата на шампионите, освои пет трофеи, а во 2005 година стана најдобра во светот. Сметајќи ги домашните и меѓународните натпреварувања, таа за речиси две и пол децении професионален ракомет освои 33 трофеи.