Георгиевски ги прими наградените ученици на државни натпревари

96

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски приреди  прием за учениците од основните и средното училиште од општина Илинден кои освоија високи места на државните натпревари и им додели признанија за постигнатите резултати.

Градоначалникот истакна дека е прекрасно чувството што има голем број наградени ученици од оваа општина и оти општината посветено ќе работи на дополнителна промоција на нивните успеси и достигнувања.

Од ООУ ,,Гоце Делчев”, Никола Павловски од IX одделение освои второ место по предметот биологија, Дарија Јакимовска го освои третото место во Европски квиз на пари, а женската ракометна екипа го освоија второто место на Државен натпревар во ракомет. Од ООУ ,,Ристо Крле” од Кадино Михаил Митровски и Јасна Петковска ја освоија втора награда по предметот училишен оркестар-камерен, а училишниот хор ја освоија третата награда на државниот натпревар за основно образование во категоријата ХОР.

Од ООУ ,,Браќа Миладиновци” од Миладиновци, Ева Станчевска ја освои втората награда по предметот природни науки, а женската екипа во фудбал го освои третото место.

Од СОСУ ,,Илинден” од Илинден, Андреј Петковски го освои првото место од областа на кино и видео техника, Михаил Кузмановски освои второ место во областа на компјутерско програмирање и трето место во класификација на електротехничар за компјутерска техника и автоматика, Ана Анѓелковиќ го освои  третото место во областа на фото техника. На образовно рандеву 2023 МАССУМ, учениците добија прво место за најдобра серва, а Ангела Арсоска за најдобра поетска творба го освои третото место. Михаил Кузмановски и Марко Петрушевски го освоија второто место на натпреварот во практична реализација на зададена задача.