Гвардиола откри како стојат работите во никогаш полошиот Сити

134
epa10184592 Manchester City manager Pep Guardiola reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер Сити доживеа шокантен пораз во градското дерби против Манчестер Јунајтед. „Граѓаните“ водеа со 1:0 до самиот крај на натпреварот, но сепак загубија. Се чинеше дека откако Јошко Гвардиол погоди за водство, Сити ќе дојде до посакуваните три бода, но крајот на натпреварот беше катастрофален.

Сè уште актуелниот шампион на Англија си дозволи да прими два гола и тоа за неколку минути. Прво Бруно Фернандеш успешно го реализира ударот од белата точка, а потоа Диало донесе голема радост кај фановите на „црвените ѓаволи“.

„Јас сум тренер на овие играчи, јас сум тренер на овој клуб, треба да најдам решенија и досега не сум можел да го сторам тоа. Тоа е вистината. Не го игравме нашиот најдобар фудбал, некои позиции не беа на најдобро ниво. Страдавме. Така е. Не играме добро. Порано, би рекол, бевме течни. Сега страдаме од различни причини. На почетокот знаев дека сезоната ќе биде тешка, но не очекував дека ќе биде толку тешка, изјави менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стручњак инсистираше на тоа дека ова не е толку болен пораз како другите во последно време, но нема знаци дека проблемите на Сити ќе се намалат бидејќи сега им претстои уште еден тежок натпревар, гостување кај Астон Вила.

„Не сме загубиле толку натпревари во две сезони претходно. Сега тоа ни се случи на осум натпревари. Мораме да се браниме. Загубивме многу натпревари. Тешко е. Треба да продолжиме понатаму и да се обидеме да најдеме решение и да се обидеме да победиме. Мислам дека во овие девет години ова не е најтешкиот период. Во Лигата на шампионите поразите се потешки. Но, во моментов ни требаат резултати за да го подигнеме расположението. Се е се полошо и полошо. Морам да најдам решение. Досега не успеав да го најдам и тоа е вистината“, додаде Гвардиола.

 

ИЗДВОЕНИ