Гаши: Ратификацијата во грчкиот парламент на Договорот од Преспа е заокружување на еден макотрпен, долг и напорен, но сепак храбар процес

53

Денешната ратификација во грчкиот парламент на Договорот од Преспа, на некој начин, е и заокружување на еден макотрпен, долг и напорен, но сепак храбар процес. Притоа сакам да им се заблагодарам на грчките пратеници за покажаната зрелост, но воедно да им честитам и на граѓаните на Македонија кои помагаа и покажаа разбирање за овој процес. Особено користам прилика да им се обраќам на приврзаниците на Движењето БЕСА, бидејќи и ние го оправдавме нашето присуство во владата и така го остваривме нашето ветување.

Секако е точно дека ние не бевме единствениот фактор во овој процес, но исто така е точно дека и без нас сигурно немаше да се постигне ова.

Затоа, честитки и успеси!

Африм Гаши, претседател на Движењето БЕСА