Копров беше еден од ретките во Македонија што цело време ме поддржува. Ми се јавуваше да ми честита за некоја песна или проект, а често одевме и на кафе-муабет кога доаѓав во Скопје. Неколку пати разговаравме да бидам дел од „Охрид фест“, но обврските не ми го дозволија тоа досега
На петнаесетина дена до почетокот на јубилејното роденденско 30. издание на летниот музички фестивал „Охрид фест 2023”, еден од, како што велат организаторите, поатрактивните учесници ќе биде познатиот пејач од Струмица, Васил Гарванлиев, кој сега живее во Чикаго, Америка. Поранешен македонски претставник на Песна на Евровизија.
Васил истакнува дека му е огромна чест што ќе има можност и привилегија да настапи на јубилејното издание на овој познат македонски, но воедно и интернационален музички фестивал. Охрид, како град, му е во срцето. Меѓу другото, видеата за песните „Ѓердан„ и „Приказна“ се реализирани токму во овој македонски бисер и неговата околина.
-За овој наш македонски град, за Охрид често им раскажувам на Американците, потенцира познатиот македонски пејач.
Открива дека наскоро ќе направи промоција на најновиот студиски албум, кој, заедно со Давор Јордановски, го сними неодамна во Чикаго.
–
– Иако немаме заедничка песна, Копров беше еден од ретките во Македонија што цело време ме поддржуваа. Ми се јавуваше да ми честита за некоја песна или проект, а често одевме и на кафе-муабет кога доаѓав во Скопје. Неколку пати разговаравме да бидам дел од „Охрид фест“, но обврските не ми го дозволија тоа досега. Најпосле најдов слободен термин да пеам на „Охрид фест 2023“. Многу се радувам. Постојано бев зафатен, пред еден месец, поминав цела недела во Торонто, а потоа во Чикаго, со Давор Јордановски.
Го привршувавме мојот албум, чија промоција ќе биде во Скопје и во Струмица, на средината од септември. Тоа ќе биде мултимедијален спектакл, мост на три музички жанра во еден: Балкан, оригинал поп и класика на седум јазици, со камерен оркестар, хор, танчари, светлосни и видеоефекти и наративи, каде што преку песната ќе ја раскажам мојата имигрантска приказна. Д.М. фото:архива