“Формите на градот” е наслов на самостојната изложба на младиот уметник Марко Вујисиќ кој во галеријата “Акантус” од вечерва се претставува со четириесетина дела – слики, графики и цртежи.
Кураторката на изложбата Дијана Томиќ-Радевска посочува дека како млад автор и жител на Скопје, Вујисиќ преку оваа изложба ни ја претставува неговата поетска слика на доживување на градот. Делата се изработени во различни техники – графика, акрил, масло на платно и комбинирана техника.
Самостојната изложба на Вујисиќ е поддржана од годишната програма за култура на Град Скопје и за посетителите ќе биде отворена до 20 февруари