Гаија ги откри „валканите алишта“ на Симоне

501

Се наближува почетокот на најважниот натпревар во клупскиот фудбал, а тоа е финалето во Лигата на шампиони кое ќе се одигра на 10. јуни во Истанбул. На само еден чекор од драгоцениот трофеј се фудбалерите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити и тие на италијанскиот калчо гигант Интер.

Нема дилема дека пласманот на Сити е нешто сосема очекувано, но голем е бројот на тие кои се пријатно изненадени од успехот на „нероазурите“. Без разлика на играта и на постигнатите резултати во актуелната сезона, избраниците на Симоне Инзаги сосема заслужено ќе бидат дел од најважниот натпревар во најквалитетното клупско натпреварување.

Инзаги одработи неколку фантастични натпревари, но имаше и стрес, нервоза, недоразбирања, а тоа го откри и неговата сопруга Гаија Лукариело, со кого Симоне има две деца.

  • Убаво е да се биде со Симоне, но знае да биде и многу напорно, стресот нагло расте, секој натпревар за нас е тест. За 13 години брак со него, јас остарев 20 години. Ја немам неговата способност да останам мирна. Тоа е неговата голема сила. Има голем притисок, тоа го чувствува, но може да се носи со тоа. Тој на 18 години беше професионален фудбалер, а со 34 почна со тренерската професија. Навикнат е на притисокот. Негов најголем квалитет е смиреноста, изјави Гаија.

Во разговорот со италијанските медиуми Гаија ги откри и „валканите алишта“ од животот со познатиот тренер.

  • Понекогаш, голема е одговорноста да се носи неговото презиме. Има недоразбирања, тешки зборови, некакви работи кои за момент ја уништуваат среќата. Луѓето чето пати ве користат, се распрашуваат за работите околу клубот, работата, фудбалот, мора да бидете во тек со сите случувања, додаде Гаија.

На крајот понежната половина на Симоне на интересен начин го искоментира престојното финале во Лигата на шампиони.

  • Сега Симоне и неговите играчи ги очекува натпревар против вонземјани. Така ќе го опишам Манчестер Сити во финалето од Лигата на шампиони, завиши Гаија.