Габриел му испрати јасна порака на Халанд

107
epa10184583 Erling Haaland of Manchester City reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Дефанзивецот на Арсенал, Габриел Магалхаес, им откри на британските медиуми што мисли за дербито помеѓу Манчестер Сити и Арсенал.

Габриел се најде во центарот на јавноста поради конфликтот со норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд на крајот од мечот.

Имено, кога Сити постигна израмнувачки гол за 2:2, тој влезе во голот на Арсенал за да ја земе топката, а подоцна со истата топка го удри бразилскиот интернационалец во глава.

Очигледно беше дека Халанд тоа го направи намерно, а се претпоставува дека причина за неговата нервоза е задржувањето на играта од страна на Арсенал.

Вреди да се истакне дека „топџиите“ цело второ полувреме го одиграа со играч помалку поради црвениот картон на Тросард.

Неколку дена подоцна бразилскиот дефанзивец се огласи и испрати порака до Халанд, но и до целиот тим на Манчестер Сити.

„Не се сеќавам на тоа“, започна Габриел, мислејќи на потегот на Халанд и продолжи:

„Нормална околност, тие се среќни затоа што постигнаа гол во последната минута. Тие играа дома, нивна должност беше да победат, но нашиот тим направи добра работа што ги спречи да го направат тоа“.

На самиот крај Габриел истакна дека за него е нормално да има провокации во фудбалот.

„Ова е тепачка, војна, нормално е да има провокации во фудбалот, тоа е дел од играта. Сега сето ова заврши и ги чекаме на наш терен“, додаде дефанзивецот.