Раководните лица на италијанскиот клачо гигант Милан веќе ја започнаа потрагата по новиот напаѓач кој треба да биде трета опција после Гонзало Игуаин и Патрик Кутроне.
Според последните информации кои пристигнуваат од “Сан Сиро”, новиот спортски директор на “росонерите”, Леонардо, веќе седнал на преговарчката маса со челниците на англискиот премиерлигаш Саутемптон, од кои побарал конкретна информација за италијанскиот интернационалец, Маноло Габиадини.
Искусниот напаѓач е проценет помеѓу 12-15 мил. евра, но поранешниот фудбалер на Болоња и Сампдорија потврдил дека не сака прво да биде позајмен, а потоа да биде вратен во Англија.