Израелските одбранбени сили (ИД) соопштија дека денеска извршиле напади со беспилотни летала на уште две ќелии на милитантната група Хезболах во јужен Либан.
Во ќелиите наводно се подготвувале напади на северот на Израел.
ИДФ наведува дека една ќелија планирала ракетен напад во областа на планината Дов, а друга во близина на заедницата Матат на северот на Израел, пишува Тајмс оф Израел.
Се додава дека израелската армија со артилерија го гранатирала подрачјето каде што се наоѓале ќелиите. ИД претходно соопшти дека извршила напад врз ќелиите на Хезболах долж границата со Либан, кои се подготвувале да истрелаат противтенковски ракети.
Израелската војска соопшти дека уништила фрлач на противтенковски ракети, како и набљудувачки пунктови на Хезболах.
Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври, Хезболах од Либан истрела ракети на населените места и пунктови на израелската армија долж северната граница, додека израелската армија возврати со воздушни напади врз позициите на либанската милитантна група.