Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека во Нови Сад траат грозоморни, насилни протести против државата Србија и порача дека сите кои учествувале во тоа ќе бидат казнети и кривично гонети од државата.
Вучиќ истакна дека Србија ќе го брани своето знаме, своето име и презиме и ќе ги казни сите сторители на криминални дела и дека никој не се сомнева во тоа.
„Почитувани граѓани на Србија, поминаа денови од страшната трагедија во Нови Сад, пристојните луѓе сè уште не можат да се вразумат од болката и страдањето. Уште еднаш изразувам сочувство до семејствата на загинатите во страшната трагедија на Железничка станица во Нови Сад“, рече претседателот во видеото обраќајќи се на Инстаграм профилот на будуќнострбијеав.