Претседателот на Србија Александар Вучиќ престојува во Брисел каде од утрово учествува на преговори за регистарските таблички и надминување на проблемите предизвикани од барањето на Приштина за нивна пререгистрација.
Тој имаше средби со посредници од ЕУ, но и со приштинскиот премиер Албин Курти, одделно, а потоа и заедно. Во меѓувреме објави и фотографија од Брисел.
-Додека го чекаме заклучокот на билатералната средба меѓу Приштина и Брисел – наведе тој на својот Инстаграм профил, со фотографија на која се гледа како игра шах на пауза.
Како што утрово објави „Блиц“, на средбата свикана од Европската унија со српскиот претседател Александар Вучиќ и приштинскиот премиер Аљбин Курти, било понудено решение кое е понижувачко за Србија.
View this post on Instagram