Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека сите во светот и во регионот „се вооружуваат до заби“ и дека Србија не смее да заостанува во овој поглед.
„Сите се вооружуваат до заби. Се вооружуваат и во регионот и наше е да не заостанеме. Сè што можам да ви кажам е дека не заостануваме“, рече Вучиќ при посетата на Руската куќа во Белград, коментирајќи ја изјавата на новиот премиер на Франција дека негов приоритет е вооружувањето на Франција.,
Тој додаде дека јавноста наскоро ќе може да се увери во тоа и самата.
Александар Вучиќ изјави дека не е загрижен како другите ќе ја толкуваат неговата посета на Руската куќа и посочи дека Србија е многу силна за некои злонамерници да ја срушат со коментари.