Вучиќ разговараше со Трамп, па се огласи: „Разговорот беше одличен и содржаен“

745

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во неделата вечерта разговараше со новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Разговорот беше одличен и содржаен, би рекол многу срдечен“, вели Вучиќ во објавата на Инстаграм.

„Благодарен сум на претседателот Трамп што многу добро знаеше многу работи за Србија. Нема да верувате дека воопшто зборуваше за спортските успеси на нашата нација, нашата земја“, изјави Вучиќ.

Трамп благодарен за поддршката

Вучиќ вели дека Трамп „се заблагодарил за огромната поддршка што ја добил од граѓаните на Србија, од српскиот народ“.

„Исто така верувам дека во наредниот период ќе можеме да разговараме за натамошно унапредување на нашите односи на сите полиња и сигурен сум дека со поддршка на нашите пријатели, а под пријателите мислам на целокупното опкружување на претседателот Трамп, кои беа со него вечерва за време на разговорот, дека ќе може да ја направи Америка голема и дека ќе можеме да ја направиме Србија пристојна земја и земја која ќе може добро, многу добро да соработува со САД“, се вели во соопштението на Вучиќ.